Во делот на инвестициите во водостопанството, во 2025 година е доделена финансиска поддршка од 132 милиони денари за инфраструктурни проекти, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
Тој посочи дека по цели шест децении е извршено чистење на езерото Младост, при што се спроведени и мерки за подобрување на дотокот и квалитетот на водата.
Според податоците што ги изнесе министерот, значително се зголемени и површините под системи за наводнување. Додека претходно АД „Водостопанство“ покривало околу 14.000 хектари, во 2025 година таа површина достигнува 17.700 хектари.
Трипуновски нагласи дека овие активности директно влијаат врз зголемување на земјоделското производство, бидејќи обезбедените количини на вода овозможуваат подобри услови за работа на земјоделците.
Особено во делот на лозарството, според податоците што ги изнесе, во 2025 година е забележан раст на приносите од околу 40 проценти во споредба со 2024 година.
Previous ArticleАНЕКЕ БРАСИНГА: ЌЕ СЕ ВРАТАМ ВО СТРУГА ДА ВИДАМ КАКО РАСТЕ ДРВОТО ШТО ГО ЗАСАДИВ ВО ПАРКОТ НА ПОЕЗИЈАТА
Next Article КАНАДА СЕ РАЗГЛЕДУВА КАКО НОВ УЧЕСНИК НА ЕВРОВИЗИЈА

