Системот „Безбеден град“ во првите пет месеци од неговата примена придонел за значително намалување на бројот на загинати лица во сообраќајни несреќи, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Според податоците презентирани од Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија, во периодот од 2 февруари до 22 јуни 2026 година се евидентирани 33 загинати лица, што претставува намалување од околу 40 проценти во однос на истиот период минатата година, кога биле регистрирани 55 жртви.
Во истиот период, системот регистрирал над 120.000 сообраќајни прекршоци, при што повеќе од 95 проценти се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина.
„Безбеден град“ опфаќа модернизирана мрежа од камери и автоматски системи за детекција на прекршоци, која веќе е активна во Скопје, Тетово, Куманово и на коридорите 8 и 10. Целта на проектот е зголемување на сообраќајната безбедност преку постојан надзор и превенција.
Од МВР најавуваат дека системот ќе продолжи да се проширува и до крајот на 2026 година се очекува негова целосна имплементација на ниво на државата.
33 ЗАГИНАТИ НАСПРОТИ 55 ЛАНИ ВО ИСТИОТ ПЕРИОД ВО СООБРАЌАЈКИ: РЕЗУЛТАТИ ОД НОВИОТ СИСТЕМ
1 Min Read

