Сите кои сакаат да му оддадат последна почит на легендарниот музичар и кантавтор Владо Јаневски, ќе можат тоа да го направат во среда (1 јули), во капелата на Градските гробишта во Бутел, во периодот од 10:00 до 11:00 часот.
Погребната церемонија ќе се одржи веднаш по оддавањето на почит, на Градските гробишта во Бутел, соопштија неговите најблиски.
Веста за смртта на Јаневски, кој еше еден од најпопуларните изведувачи на забавна музика во земјава, ја затекна јавноста вчера. Според првичните информации, тој починал по кратко боледување на една од скопските клиники.
Последните години од животот Владо ги помина во Гевгелија, неретко истакнувајќи дека таму го пронашол својот мир.
Next Article ПОЧИНА РЕЖИСЕРОТ И ДРАМАТУРГ САШО МИЛЕНКОВСКИ

