На 29 јуни 2026 година, околу 09:30 часот, во СВР Велес било пријавено дека на улицата „Живко Фирфов“ во Велес се случил напад од куче врз маж и неговото милениче.
Според пријавата, Р.А. (50) од Велес бил нападнат од куче од расата стафорд, сопственост на 34-годишната А.М. од Велес. При нападот, мажот се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница Велес.
Во инцидентот, повредено било и неговото милениче, кое исто така добило повеќе каснувања.
За случајот е известен јавен обвинител, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

