СВР Велес ги информира граѓаните дека во тек се теренски активности за заштита од пожари на отворен простор. За таа цел патролни тимови секојдневно се на терен на различни локации на подрачјето на СВР Велес.
Целта на засилените контроли е да се зајакне комуникацијата и соработката со населението и да се влијае на свеста кај граѓаните за совесно и одговорно однесување, во насока на намалување на опасностите и ризиците од појава на шумски и пожари на отворен простор.
-Од особена важност е граѓаните внимателно да ги извршуваат земјоделски работи за да се избегнат опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви, како и навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување од страна на граѓани, со цел брза реакција на сите надлежни институции. Истовремено, ги потсетуваме граѓаните дека предизвикувањето пожари претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое се предвидени и затворски казни, известуваат од секторот.
СВР Велес упатува апел до граѓаните да бидат особено внимателни во текот на летниот период кога поради зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание.
ТИМОВИ ПАТРОЛИРААТ НА ПОДРАЧЈЕТО НА СВР ВЕЛЕС ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИКОТ ОД ПОЖАРИ
1 Min Read
Previous ArticleВЕЛЕШАНЕЦ И НЕГОВОТО КУЧЕ НАПАДНАТИ ОД СТАФОРД

