Семејството на струмичаенцот Роберт Дрвошанов (40) повторно бара помош при негово пронаоѓање. Според последните информации, тој исчезнал пред три дена со својот велосипед, а бил облечен во црна маица и црни кратки пантолони, носел црн ранец и бордо патики.
За помалку од една година, ова е третпат како се трага по струмичанецот. Минатата година во август тој исто така беше исчезнат три дена, а беше пронајден од страна на полициски службеници во близина на Колешински водопади.
Потоа, во декември минатата година, семејството повторно побара помош од јавноста при негово пронаоѓање, и тој беше најден по извесно време.
Веста дека младиот човек пак е исчезнат и не се вратил дома три дена, ја објавија струмичките медиуми, со апел доколку некој има информација, да се јави во полициска станица.

