-Јас имав пет, а сестра ми Јелена имаше осум години кога останавме без татко. Да се расте без татко во тие години, кога сите одат на фудбалски натпревари со таткото, а ти одиш со роднина, кога некое поголемо дете ќе те задене, па доаѓа мајка ти наместо татко ти да те брани, не е баш лесно. Сите околу нас се трудеа да не ни фали љубов, но сето тоа влијае на самодовербата и на животниот пат. Се трудевме да бидеме силни, а јас со свои осум години сфатив дека иако сестра ми е постара од мене, јас сум тој кој што всушност ја има улогата на постар брат и сум одговорен за неа. Ја презедов грижата за неа и за мене Јелена не е дете со посебни потреби, таа е посебно дете со обични потреби, раскажа актерот Јован Јовановиќ во емисијата ,,Балансиран живот – Разговори со душа” за Блиц Тв.
Тој откри дека секогаш бил заштитнички настроен кон неговата сестра за која се грижел и уште од рано детство ја носел на училиште. Иако растеле во мало место, немал никаква бариера ниту пак срам, кога ќе се случело некој да ја гледа сестра му со други очи.
-Радосен сум што таа е моја сестра. Луѓето кои живеат со такви деца имаат привилегија, таа ме враќа на основните човечки потреби, на љубов, на радост, на се што е убаво. Со неа имаме една рута за прошетки низ градот, и потребна е една прошетка за да сфатам што е доволно за среќа и насмевка, раскажа младиот актер кој воодушеви со улогата во филмот ,,Чувари на формулата”.
Неговата приказна е потсетник дека лицата со посебни потреби не треба да се гледаат низ нивните ограничувања, туку низ нивната човечност, емоции и вредност, но и дека вистинската храброст не се покажува само на сцената, туку и во секојдневните животни битки – преку љубовта, трпението и поддршката што им ја даваме на најблиските.

