Пред да го испие утринското кафе почувствувал болка во градите и толку било… Веста за неговата ненадејна смрт на 14 јули 1998 година одекна низ цела земја и беше дочекана со неверување. Ненад Стојановски почина на 45-годишна возраст пред 28 години, но до денес останува запаметен како еден од најмаркантните актери на македонската сцена. Тој беше раскошен талент на македонскиот театар и глумиште, чии колеги и денес го спомнуваат како еден од највпечатливите македонски актери.

Беше во брак со актерката Силвија Стојановска со која ги имаат двете ќерки Ана и Јана, кои денес чекорат по нивните стапки, а биле на возраст од 9 и 13 години кога го изгубиле.
-Лажат оние кои велат дека нема подобар подарок од книга. Има! Две книги, е една од неговите бројни реплики кои и до денес е актуелна.
Првото актерско искуство го стекнал во Детската радио драма под раководство на Славица Тодорова. За време на гимназиските денови членувал во театарските групи „Не-театар Кактус“ и „Кај Св.Никита Голтарот“. Прво професионално актерско искуство го имал во 1971г., на сцената на Драмата при Македонскиот народен театар, во претставата „Фарса за Храбриот Науме“, од Русомир Богдановски, режија на Владимир Милчин и во во Драмски театар Скопје помина 22 години.
Неговата прерана смрт го прекина патот на уметник кој многумина го гледаа како актер со можност за поширока афирмација. Остана запаметен по својата посветеност, сценска енергија и способност да внесе длабочина во ликовите што ги толкуваше.
Сепак, и денес останува едно прашање без вистински одговор – зошто ваков талент не доби поголеми можности и позначајни улоги во југословенската кинематографија? Во време кога југословенскиот филм создаваше големи актери и автори, многумина сметаат дека потенцијалот на Стојановски можеби не бил доволно препознаен надвор од македонските рамки.

