Светски познатиот моден дизајнер Џорџо Армани почина на 91-годишна возраст, објави неговата модна куќа денес.
Дизајнерот по потекло од Италија, со децении ги облекуваше славните личности, а поседуваше и барови, ресторани, како и хотели во Дубаи и Милано.
Роден во Пјаченца, првото работно место му било во стоковна куќа, како гардеробер, а потоа и продавач во Милано. По неколку години се вработил во компанијата Нино Серути, каде започнал со дизајнирање на машка облека.
Во 1975 година ја основал компанијата Џорџо Армани, а набргу потоа започнал да произведува и за САД. Неговите модели го освоија светот, и можеа да се видат на доделувањата на награди на светски познати настани, како и во познати холивудски филмови.
По смртта на неговиот партнер, дизајнерот Серџо Галеоти, Армани времето најчесто го минувал на својата јахта долга над 200 метри.
Во светот останува запамтен не само како еден од највлијателните дизајнери, туку и како успешен бизнисмен кој зад себе остави империја.
Деск

