Легендарната хрватска поп пејачка Дорис Драговиќ доаѓа во Скопје, и ќе одржи заеднички концерт со нејзиниот колега Петар Грашо. Настанот кој е во организација на Прагма Продукција е закажан во Арена Борис Трајковски наредната година, на 14-ти март под мотото „One Night Two Stars“.
Ова ќе биде гостување на Дорис во земјава по пауза од 11 години, кога беше специјална музичка гостинка на концертот на Оливер Драгојевиќ, исто така во Арена Борис Трајковски во Скопје.
Драговиќ е една од омилените пејачки на екс Ју сцената. Позната е по својата елеганција и скромност, а присутна е на естрадата повеќе од четири децении. Во 1986 година ја претставуваше Југославија на Евровизија со песната ,,Жељо моја”, со која го освои 11-то место.
Детали за влезниците за концертот ќе бидат објавени во наредниот период.
Деск

