Познатата тв водителка и пејачка Јулија Мациевска чија ќерка, уметницата Андријана Начевска почина во 2022 година, по двегодишна борба со ракот на дојка, денес сведочеше на рочиштето за случајот Онкологија.
На социјалните мрежи Јулија објави дека таа била прв сведок во овој случај, и обвини дека Андријана била труена со терапија која не била соодветна за рак на дојка.
-Денес во Кривичниот суд во Скопје бев сослушана како прв сведок во случајот Онкологија. Еве зошто Андријана не успеа да се излекува од канцерот! После три години се отвори Пандорината кутија. Моето дете смислено и перманентно беше труено со терапија која воопшто не била за лекување на канцер на дојка.
Андријана е буквално убиена од доктор Нино Васев, кој несомнено, бил специјалист и добро знаел која терапија може да го убие пациентот, напиша Мациевска.
Нејзината ќерка единица се лекуваше на скопската Онколошка клиника. Почина на 41-годишна возраст и зад себе ја остави ќерката Стефанија.
В.К.
Мојата ќерка Андријана буквално беше убиена, тврди Јулија која денес сведочеше во Кривичниот суд
1 Min Read

