ВМРО-ДПМНЕ ги објави преостанатите кандидати за градоначалници за уште шест општини.
За Кисела Вода кандидат за градоначалник е Бети Стаменковска-Трајковска, а за Кочани, партијата ќе се обединела околу натпартискиот кандидат, доктор Влатко Грозданов.
За Старо Нагоричане кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Мирослав Славковски, за Дојран – Илија Пендов, за Долнени – Сашко Велјановски и за Ранковце – Даниел Павловски.
Според Марија Митева, член на Извршниот Комитет на партијата, сите кандидати за градоначалници биле избрани на транспарентен начин.
–ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за локалните избори како никогаш досега. Секој избран кандидат е чесен, познат и почитуван од средината во која живее. Тие се луѓе кои имаа енергија за работа и се посветени за развој на општините, кажа Митева на синоќашната прес-конференција по седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Деск

