Работник од Кина починал во фабрика во Кавадарци, откако бил удрен од кран, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од таму додаваат дека вчера во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото.
-Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопштија од МВР.
Деск
Previous ArticleТешко повреден маж кој паднал од третиот кат од зграда

