Од ЈП Комуналец Неготино излегоа со важно соопштение за граѓаните. Како што информираат од претпријатието, се забранува употреба на водата за пиење. Од Центар за јавно здравје Велес биле земени мостри за анализа, а од ЈП Комуналец ќе излезат со соопштение за текот на настаните.
-Поради проблем со присуство на мирис и вкус од непознато потекло во водата за пиење во делот од уличната мрежа на улиците: „Индустриска“, „Маршал Тито“, „29 Ноември“, „11 Октомври“, „Никола Петров“, „Манчо Малиминов“, „Душан Јуруков,,, „Димче Мирчев“, „Гоце Делчев“, „Питу Гули“, „Васка Калајџиска“ и ,,Антигона“
СЕ ЗАБРАНУВА да се употребува водата за пиење.
Во соработка со „ЦЈЗ Велес“ и другите надлежни институции се земаат вонредни мостри за анализа.
Се работи на терен за лоцирање и санирање на евентуалниот дефект.
Ве замолуваме доколку имате било какво сознание кое би ни било од корист да се обратите во Ј.П. „Комуналец“.
Апелираме до граѓаните од овој дел на градот кои варат ракија водата за пиење да не ја користат за ладење на вулите и да не оставаат црева во резервоарите за ладење од кои може да дојде стварање на вакуум и повлекување на водата во градската мрежа и загадување.
За вакви случаи ќе следуваат санкции.
За било каква промена ќе следи соопштение.
Се трудиме за брзо надминување на проблемот, соопштија од ЈП Комуналец.
Деск

