Се уште се трага по 46-годишниот Д.М. од Лозово, кој последен пат бил виден на 24-ти јули. Како што соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес, неговата сестра го пријавила исчезнувањето во полиција на 12-ти септември.
Според нејзиниот исказ, тој тргнал на работа во Скопје и повеќе не се вратил, ниту пак некому се јавил. Официјални детали, околу тоа зошто толку се чекало за да се пријави настанот во полиција, не се објавени.
Неговата фотографија деновиве почна да се споделува и на социјалните мрежи, со апел доколку некој има информација, да пријави во полиција.
Деск

