Популарната поп пејачка Калиопи ќе одржи три концерти во Македонска филхармонија во Скопје. Како што соопшти организаторот, Прагма продукција, по огромниот интерес и распродадените два концерти, закажан е и трет, акустичен спектакл.
-Ексклузивниот unplugged концерт „100% LIVE“ повторно ќе ја донесе магијата на најголемите хитови и евергрини на Калиопи, претставени во сосема ново светло, со акустични аранжмани, чиста енергија и неповторлива интерпретација, соопштија од организацијата.
Концертите ќе се одржат на 14-ти ноември, шести декември и седми декември.
Влезниците се пуштени во продажба, по цени од 1.200 до 1.800 денари.
Деск

