Регионалната музичка ѕвезда Дино Мерлин ќе одржи концерт во Штип, на Градскиот стадион на 20-ти септември (сабота), во склоп на општинската манифестација Штипска Пастрмајлијада. Од општината очекуваат масовна посетеност од околу 100.000 гости, и веќе неколку недели наназад нема слободни сместувачки капацитети во градот.
Освен што се резервирани сите хотелски соби, нема ниту слободни апартмани на страницата Букинг за 20-ти септември. Дел од публиката која ќе присуствува на концертот на Мерлин од подалечни краеви, веќе направила резервација во околните општини. Како што раскажуваат за ВИКИМЕДИА, цените за една ноќ во апартман достигнале и до сума од 8.000 денари.
Градоначалникот на Штип Иван Јорданов пак, изјави дека ова ќе биде најмасовно посетениот настан во земјава и биле преземени огромен број на засилени безбедности мерки.
Концертот на Мерлин бил платен од спонзори, а пак Општина Штип одвоила околу 73.000 евра за манифестацијата.
Пред концертот на Мерлин, ќе настапат Владо Јаневски и Елена Ристеска.
В.К.
Не остана ниту едно слободно хотелско сместување во Штип поради концертот на Дино Мерлин!
1 Min Read

