Полицијата и блиските на велешанецот Стојанче Клифов (48) трагаат по него, откако околу полноќ во сабота кон недела му се изгубил траг.
Неговата сестра Наташа за ВИКИМЕДИА вели дека брат и живеел заедно со нивните родители и никогаш во минатото не се случило да замине некаде без да им каже на блиските каде е. Апелира до јавноста за помош, доколку некој случајно го забележал или пак има било каква информација, веднаш да се јави во полиција или пак на нејзиниот мобилен телефон 076 226 323.
-Брат ми излегол од дома синоќа, околу полноќ. Не знаеме како бил облечен, но станува збор за крупен човек, висок 1,83 метри. Од информациите кои ги имаме, тој заминал со такси возило, кое го оставило кај Жито Маркет. Со себе го носел мобилниот телефон, таму каде го оставило возилото му се губи сигналот. Вознемирени сме, замолуваме за помош, секоја информација е добредојдена, вели сестрата на Стојанче.
Како што појасни, денес го пријавиле исчезнувањето во полициска станица заедно со родителите.
В.К.

