Денес во 01:00 часот, полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор Михајлово го лишија од слобода Р.К.(37) од Демир Капија, информира Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што појаснуваат од таму, на бензинска пумпа на автопатот Неготино-Демир Капија, полициските службеници пронашле мобилен телефон на Р.К. на кој имало бела прашкаста материја.
-Мобилниот телефон со белата прашкаста материја се одземени, а тој е задржан во полициска станица.
Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известија од полицијата.
Деск

