Во 23 и 45 часот додека траеше емисијата „Тешки Муабети“ се случи голем инцидент во студиото на Инфомакс каде непознато лице упадна во студиото среде подкаст, објави Инфомакс.
Како што пренесе медиумот, лицето најпрво почнало да навредува, да се заканува по живот за потоа да ја скрши вратата од дворот која била со шифра, а потоа да ја скрши и влезната врата од студиотo каде се обидело физички да се пресмета со присутните.
-Нападот е снимен од надзорните камери како и со уште една камера, соопштија од Инфомакс, додавајќи дека очекуваат сите надлежни институции да ја водат постапката со инцидентот во медиумот до крај.
Александар Митовски пак, на својот Фејсбук профил извести дека полицијата брзо реагирала и се било снимено.
-Партиска будала само што насилно влезе во редакцијата на Инфомакс и во мојот дом. Се е снимено, и нападот и упадот и насилството. Дечките од полиција брзо реагираа. За се останато, ќе ја тераме до крај.
Продолжуваме со емисијата по полициските процедури, соопшти Митовски.
Деск

