Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, вели дека добил поддршка од страна на земјоделските здруженија, во врска со рефоримите кои ги започнале.
-На денешниот состанок од земјоделските здруженија ја добив поддршката за реформите што ги започнавме.
Нашиот фокус е финансиската поддршка да биде насочена кон вистинските земјоделци, до луѓето што реално произведуваат и го движат аграрниот сектор.
Продолжуваме со реформи за да имаме продуктивност, конкурентност и одржливо земјоделство, објави министерот.
Како потсетување, пред неколку дена тој соопшти дека на владина седница е усвоена новата Програма за директни плаќања за 2026 година, и нагласи дека сериозен акцент ќе биде ставен на теренските контроли што ќе ги спроведуваат надлежните институции, со цел средствата да завршуваат кај вистинските земјоделци.
-Како новина, односно како мала реформа, направено е минимално зголемување на површините што се услов за користење на субвенциите, со цел да ја зголемиме домашната продукција на храна, соопшти Трипуновски.
Деск
МИНИСТЕРОТ ТРИПУНОВСКИ КАЖА ДЕКА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА МУ ДАЛЕ ПОДДРШКА ЗА РЕФОРМИТЕ
1 Min Read

