Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро реагира на изјавата на Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, дека локалната самоуправа нема никаква законска надлежност да постапува во справувањето со проблемот со говедата кои лутаат низ градот Крива Паланка и нанесуваат штета и на земјоделските поседи и во околните села, реагираат од АХВ.
Од таму велат дека го по потсетуваат Митовски дека неодговорно е кон сопствените граѓани и жители на паленечките села тој да се иззема од одговорност која ја има во овој случај, бидејќи согласно Законот за јавна чистота, член 14 став 1 точка 11, контролата на одржувањето на јавните површини односно чување и напасување на крупен добиток (вклучително и на говеда) на јавни површини ја има токму Општината.
-Ако сакаше, Митовски и досега можеше да го реши проблемот, сам или со помош од некои поранешни функционери, негови сограѓани, кои беа во врвот на претходната Влада.
Говедата ниту се размножија во толку голем број за година и половина, ниту може инстантно да се соберат, во услови кога со Агенцијата не соработува Општината која е подеднакво одговорна за решавање на проблемот.
Како одговорна институција, во интерес на граѓаните на Крива Паланка и околните села, го повикуваме Митовски конечно да почне да го почитува законот и да соработува со Агенцијата, за трајно решение на реалниот проблем со кој се соочуваат жителите од овој крај.
Агенцијата за храна и ветеринарство и во наредниот период ќе продолжи со активности за собирање на животните во интерес на граѓаните на Општина Крива Паланка, тврдат од АХВ.
Како потсетување, вчера во Крива Паланка се одржа протест на граѓани, на кој присуствуваше и градоначалникот Митовски, и на истиот се бараше решавање на прблемот со распуштените крави на семејството Ѓорѓиевски, кои прават штети на земјоделците, ја загозуваат безбедноста во сообраќајот, а се загрозени и животите на добитокот кој слободно шета во околината.
За ВИКИМЕДИА, градоначалникот изјави дека бара прогласување на кризна состојба во општината и побара да дојдат специјални екипи со механизација и да го соберат добитокот.
В.К.
АКО САКАШЕ, МИТОВСКИ ДОСЕГА МОЖЕШЕ ДА ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО КРАВИТЕ, А НИЕ ПРОДОЛЖУВАМЕ СО СОБИРАЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ, ВЕЛАТ ОД АХВ
2 Mins Read

