Моќниот звук на еден од најзначајните бендови во македонската музичка историја, Архангел, предводени од Ристо Вртев, повторно ќе прозвучи во живо пред публиката на голем концерт што ќе се одржи на 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје, објави тимот на Адриатика рекордс.
Овој концерт не е само настап, туку прослава на 44 години творештво на Ристо Вртев – четири децении во кои Архангел станаа синоним за уметничка доследност и нескршлив столб на македонската рок сцена.
-Како централен двигател и автор, Вртев низ годините успеа да го преточи колективниот немир во чиста уметност, поставувајќи ги стандардите на домашниот рок израз.
Архангел во моментов интензивно работи на својот петти студиски албум, а македонската публика ќе има ретка привилегија премиерно да чуе дел од новиот материјал, додека првиот официјален сингл се очекува наскоро.
Концертот, симболично насловен „Срцевина“, е концептуално продолжение на длабоката поетика на Ристо Вртев. „Срцевина“ Еден глас. Една приказна, соопштија организаторите.
Билетите се веќе пуштени во продажба.
Деск

