Потребата на тутун кај младите останува сериозен јавно-здравствен предизвик. Податоците покажуваат дека 13,6% од учениците на возраст од 13 до 15 години во Северна Македонија користат некаков тутунски производ, објави Министерството за здравство.
Од таму посочуваат дека ова е највисок процент забележан досега.
-Превенцијата и едукацијата се клучни за заштита на здравјето на младите. Затоа продолжуваме со политики и мерки насочени кон намалување на употребата на тутун и заштита на новите генерации. Здравите навики почнуваат рано, велат од МЗ.
Според министерството, тинејџерите од 13 до 15 години најмногу користеле тутун кој се пуши, и тоа 12,3 проценти. Потоа, 5,3 проценти пушеле цигари, а 4,9 проценти користеле тутунски производи кои се загреваат, а 3,6 проценти користеле тутун кој не се пуши, односно таканаречениот снус, или тутунски и никотински ќесички.
Деск
13,6 ПРОЦЕНТИ ОД ТИНЕЈЏЕРИТЕ КОРИСТАТ ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ, А 3,6 ОД НИВ УПОТРЕБУВАЛЕ СНУС
1 Min Read

