Македонскиот народен театар ќе одржи комеморација во спомен на истакнатиот актер Кирил Поп Христов – Кили, на 18 март (среда) во 11 часот, на големата сцена во МНТ.
-На комеморацијата, семејството, колегите, пријателите и почитувачите на неговото дело ќе имаат можност да се простат и да му оддадат почит на уметникот, кој со својата силна сценска појава, искреност, духовитост и препознатлив актерски дух остави длабока трага во македонската театарска уметност и култура.
Кирил Поп Христов – Кили ќе остане запаметен како актер со автентична енергија, ведар дух и големо срце, како колега кој несебично ја споделуваше љубовта кон театарот.
Неговиот уметнички придонес и човечност ќе останат трајно врежани во културната меморија, соопштија од МНТ.
Кили (58) почина минатата недела во Екварод, каде живееше последните години. Неговата сопруга Гордана Деан Поп Христова за ВИКИМЕДИА изјави дека актерот починал во сон, од инфаркт. Кажа дека ќе биде погребан во Мангларалто, покрај океанот.
Деск
Previous ArticleПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ИСКЛУЧЕН ОД ЧЛЕНСТВОТО НА СДСМ

