Сојузот на синдикати на Македонија повикува на масовен протест на Први Мај. Како што истакнуваат од ССМ, борбата за социјална правда не е потреба, туку и обврска, и бараат почит за работничката класа.
-Работничката класа е темелот на секое општество. Таа ги создава вредностите, го движи производството и ја одржува економијата во живот.
Без трудот на работниците во фабриките, во рудниците, на нивите, во канцелариите, во услужните дејности, нема напредок, нема развој, нема иднина.
Но, и покрај својата клучна улога, работничката класа често се соочува со предизвици: ниски плати, несигурни работни места, недоволна заштита и непочитување на работничките правата.
Затоа, борбата за достоинствена работа, фер услови и социјална правда не е само потреба, туку обврска.
Солидарноста е најсилното оружје на работниците,а кога се обединети, тие имаат глас што се слуша.
Историјата покажува дека сите придобивки – од работното време до платениот одмор – се резултат на заедничка борба на работничката класа и синдикатите.
Работничката класа не бара привилегии, туку правда, не бара милост, туку почит. И токму преку таа борба, таа не се бори само за себе, туку за подобро и поправедно општество за сите.
Затоа, на 1ви Мај ,, ЗА ПЛАТА СЕ БОРИМЕ, НЕ СЕ МОЛИМЕ”, објавија од ССМ.
Деск
РАБОТНИЧКАТА КЛАСА НЕ БАРА ПРИВИЛЕГИИ, ТУКУ ПРАВДА: ССМ ПОВИКУВА НА ПРОТЕСТ НА 1 МАЈ
1 Min Read
Previous ArticleМЛАДИОТ ВИКТОР ГО ОСВОИ ИНТЕРНЕТОТ СО СВОЕТО ПЛЕТЕЊЕ

