Легендарниот британски природонаучник и документарист Сер Дејвид Атенборо, кој наполни 100 години, сподели детали за своите животни навики и исхрана, за кои вели дека придонеле за неговата долговечност и добро здравје.
Според неговите изјави за Ладбајбл, Атенборо не следи строга диета, но во последните години значително ја променил исхраната. Тој истакнува дека речиси целосно го намалил внесот на црвено месо, а наместо тоа консумира повеќе растителна храна.
„Не сум станал вегетаријанец, но одамна не јадам црвено месо како порано“, навел Атенборо, нагласувајќи дека ваквиот начин на исхрана му помага да се чувствува подобро и полесно.
Експертите често укажуваат дека намалениот внес на црвено и преработено месо, во комбинација со исхрана базирана на растителни продукти, може да придонесе за намален ризик од срцеви заболувања и други хронични состојби.
Покрај исхраната, Атенборо нагласува дека и неговата активна професионална работа и постојаната ментална ангажираност се клучни фактори за неговата виталност и во стоте години од животот.
И покрај возраста, тој продолжува да работи на документарни проекти посветени на природата и климатските промени, останувајќи една од највлијателните личности во областа на природонауката и телевизиската продукција.
Деск
КАКО ЖИВЕЕ 100-ГОДИШНИОТ АТЕНБОРО: ПОМАЛКУ ЦРВЕНО МЕСО И ПОСТОЈАНА МЕНТАЛНА АНГАЖИРАНОСТ ЗА ДОЛГ ЖИВОТ!
1 Min Read
Previous Article20-ГОДИШНИОТ ХРВАТСКИ ТЕНИСЕР ПРИЗМИЌ ГО ПОБЕДИ ЃОКОВИЌ

