Полициски службеници од ОВР Неготино во раните утрински часови на 29 мај 2026 година привеле 41-годишен маж од демиркаписко, осомничен за тежок напад врз повозрасна жена.
Според официјалните информации, околу 00:30 часот било пријавено дека осомничениот насилно влегол во домот на 72-годишна жена, при што физички ја нападнал и ја допирал по телото.
Лицето веднаш било лишено од слобода и задржано во полициска станица. За случајот е известен јавен обвинител, а по негово целосно расчистување, против осомничениот ќе следува соодветна кривична пријава.
Надлежните институции продолжуваат со истрагата за утврдување на сите околности поврзани со настанот.
Деск

