Шеесетгодишен жител на Кавадарци бил приведен откако полицијата го затекнала како управува мотоцикл без воопшто да има положено возачки испит.
Настанот се случил на 29 мај 2026 година околу 09:50 часот на улицата „Западен Булевар“ во Кавадарци, кога полициски службеници од ОВР Кавадарци при сообраќајна контрола сопреле мотоцикл „РКС“ со кавадаречки регистарски ознаки. Возачот, Д.Р. (60), по извршените проверки бил затекнат дека управува возило без да се стекнал со право на управување.
По насоки на јавен обвинител, тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, додека мотоциклот бил одземен.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск
НЕ ПОЛОЖИЛ НИ НА 60: КАВАДАРЧАНЕЦ ФАТЕН КАКО ВОЗИ МОТОЦИКЛ БЕЗ ПОЛОЖЕН ВОЗАЧКИ ИСПИТ
1 Min Read

