Либеро Бенд оваа година одбележува значаен јубилеј – 15 години успешно музичко творештво, бројни настапи и препознатлив музички израз. По повод овој важен датум, членовите на бендот најавуваат серија специјални проекти кои ќе се реализираат во текот на годината, како увертира за големата јубилејна прослава планирана за крајот на 2026 година.
Првиот од најавените проекти својата премиера ќе ја има на 17 јуни на официјалниот YouTube канал на Либеро Бенд. Станува збор за уникатен музички концепт снимен во просториите на Skopje City Mall, кој обединува дел од најубавите македонски поп песни во едно поинакво и современо музичко доживување.
Песните се изведени во живо и обработени во препознатливиот стил на Либеро Бенд, носејќи нова енергија и свеж музички израз. Визуелната реализација, снимена низ ходниците и амбиентот на трговскиот центар, создава модерна и динамична приказна која совршено се надоврзува на музиката.
Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избран репертоар составен од безвременски македонски хитови, претставени преку емоцијата, енергијата и автентичноста по кои бендот е препознатлив во изминатите 15 години.
Од Либеро Бенд најавуваат дека ова е само почеток на низата изненадувања што ги подготвуваат во чест на својот јубилеј. Во периодот што следува ќе бидат претставени уште неколку значајни музички проекти, кои ќе кулминираат со голема прослава на нивното петнаесетгодишно музичко патување.
Деск
Previous ArticleНИТУ БАРАВ, НИТУ МЕНЕ МИ ДОДЕЛИЈА ПАРИ, ПОРАЧА СЛАТКАР И НАЈАВИ СНИМАЊЕ НА ФИЛМОТ БЕЗ ДРЖАВНАТА ПОДДРШКА ОД 24.000 ЕВРА
Next Article ВОЈЧЕ КИТАНОСКИ – МАЕСТРОТО НА ХУМОРОТ И СКРОМНОСТА

