Легендарниот американски актер и режисер Клинт Иствуд, на 96-годишна возраст, ја завршува својата долга и влијателна кариера во Холивуд, а веста за медиумите ја потврдил неговиот син Кајли Иствуд.
Според информациите, Иствуд повеќе нема да работи на нови филмски проекти ниту како актер, ниту како режисер, со што се затвора едно од најдолгите и најплодните творечки поглавја во историјата на филмот.
Во текот на својата кариера, Иствуд реализираше повеќе од седум децении работа во филмската индустрија, оставајќи зад себе десетици култни наслови. Последните години беше активен и како режисер, при што неговиот последен режисерски проект беше завршен во 2024 година, додека последното актерско појавување беше во 2021 година.
Иствуд стана глобално познат како симбол на „тврдото“ холивудско кино, особено преку вестерн филмовите и криминалистичките драми, а подоцна се етаблира и како еден од најценетите режисери на својата генерација.
Според медиуми, неговото повлекување значи крај на активното учество во нови филмски продукции.
Со ова, Холивуд се збогува со една од своите највлијателни фигури, чиј печат е длабоко врежан во историјата на современата кинематографија.
Б.Н.
Previous ArticleСЕ УРНА МАЛ АВИОН ВО ХРВАТСКА!

