Во Куманово бил разоткриен случај на кражба со необичен „плен“ – маси и столови од угостителски објект на улица „Гоце Делчев“.
Според информациите од полицијата, на 4 јуни 2026 година, во периодот од 11:00 до 13:00 часот, во СВР Куманово бил извршен службен разговор со четири лица од градот – Е.Љ. (22), В.Б. (19), Љ.А. (23) и еден 17-годишник. Тие се сомничат дека со употреба на сила влегле во локалот и однеле поголем број маси и столови.
Во полицискиот разговор, сите четворица го признале делото. Наскоро, украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот на објектот, со што штетата е делумно санирана.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.
Деск

