Беше првата раперка во Македонија, која како средношколка во раните деведесетти години на минатиот век донесе нова димензија на музичката сцена во земјава. Единствениот албум кој го издаде е ,,Бубачки и градски ѕверки” во 1991 година, а потоа се повлече од јавност, но сепак нејзиното име и до денес предизвикува носталгија кај повозрасните генерации, а песните се уште и се паметат.
Ена Веко, родена како Елена Домазетовска (51), ни ги остави песните „Царевата ќерка“,„Во чија си (Прегратка)“, „Земјани, луѓе“,„До кога вака“,„Келнерот“,„Мачо мен“,„Љубомора“, и „Не приоѓај ми“, односно сите осум песни од албумот кои ги потпиша Тоше Поп-Симонов, станаа големи хитови.
Сними и два дуети, ,,Признавам” со групата Легенда и ,,Си заљубив раперка” со Мирко Митревски и групата Академци, со кој настапија на Фолк фестивалот Цветници во 1993 година. Во екот на популарноста таа замина на студии во Сиднеј и остана да живее во Австралија.
Во 2018 година, на социјалните мрежи беа објавени нејзини фотографии од посетата на Скопје. Денес за неа единствено е познато тоа дека не е дел од музичката индустрија, и иако е повлечена од јавност долги години, останува споменот на печтатот кој го остави на домашната музичка сцена.
Деск

