-Како тинејџерка мајка ми го преживеала логорот Јасеновац. Во тоа време, во Втората светска војна таа живеела во Хрватска и цело нејзино семејство било однесено во логорот. Сите машки членови на семејството настрадале. На кој начин таа успеала да се спаси од тој хорор, не сакам и не можам да зборувам. Размислувам дали воопшто да и дозволам да го изгледа филмот ,,Дара од Јасеновац”, но таа има голема желба и ќе морам да попуштам. Знам дека многу ќе се потресе и дека тоа ќе биде многу тешка ноќ за сите нас, раскажуваше популарниот музичар Момчило Бајагиќ Бајага за неговата мајка пред осум години, пред премиерата на филмот за озлогласениот логор.

Пред десет дена почина Јованка Бајагиќ на 94-годишна возраст. Целиот свој живот таа му беше огромна поддршка на својот син, кој ретко јавно зборува за својот личен живот.
Утре пак, Бајага заедно со Инструктори доаѓа во Македонија. Тој ќе настапи на Д Фестивал во Штип, а влезот е бесплатен. Настапот доаѓа само неколку месеци по нивниот распродаден концерт во Арена Борис Трајковски, што уште еднаш ја потврдува големата популарност на бендот кај македонската публика.
Со повеќе од четири децении кариера, Бајага и Инструктори зад себе имаат бројни песни кои се сметаат за безвременски класици на балканската музичка сцена и кои и денес ги пеат различни генерации.

