Шест лица биле приведени по масовна тепачка што доцна синоќа избувнала во угостителски објект во Велес, при што во физичката пресметка биле употребени стаклени предмети – шишиња и чаши.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 13 јули, во периодот од 23:30 до 23:50 часот. Најпрво дошло до кратка вербална расправија помеѓу две лица, која брзо прераснала во масовна физичка пресметка.
Во тепачката учествувале П.М. (39) од селото Смиловци, општина Чашка, како и А.Ј. (39), А.В. (39), Б.Ѓ. (39), Б.М. (38) и Д.М. (39), сите од Велес. Според полицијата, П.М. и А.Ј. биле од едната, а А.В., Д.М., Б.М. и Б.Ѓ. од другата страна.
Полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода сите шест учесници, а за случајот бил известен јавен обвинител.
По целосното документирање на настанот, против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Фото: Илустрација

