Музичката ѕвезда Бајага заедно со Инструктори вечерва ќе одржи концерт на Ракометното игралиште во Битола.
Настанот е со почеток од 21.00 часот, а како што информираат организаторите, Авалон Продукција, ова ќе биде единствениот концерт на музичарот во Македонија ова лето.
Најавен е настан кој ќе трае дваипол часа, и на кој ќе бидат изведени големите хитови кои Бајага ги создал во годините наназад.
Влезниците за настанот се продаваат по цена од 900 денари.
Деск

