Во акциска контрола на повеќе локации во Тетово, приведено е едно лице поради сомнение за посредување во вршење проституција, и против истото следува соодветна пријава, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Од таму известуваат дека вчера во периодот од 12:00 до 14:00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија и сомнение дека се врши посредување во вршење проституција, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државна пазарна инспекција, Управа за јавни приходи и Државна трудова инспекција, извршија акциска контрола во неколку објекти во Тетово.
-При контролата во угостителски објект на улица „Јане Сандански“ во Тетово, во 14:00 часот од слобода е лишена Г.Ш.(41) од с.Бојане, скопско, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 191 од Кривичниот законик, која е затекната во објектот.
Во објектот е затекнат и управителот Г.Н.(59) од Тетово, по што од двајцата се одземени мобилни телефони. Г.Ш. е задржана во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од МВР.
Деск

