Организаторите на 19-иот по ред меморијален турнир во мал фудбал во чест на прерано заминатата вардарова легенда „Љубомир Рајчевски – Рајче“ кое ќе се одржи оваа сабота на 13.09.2025 година со почеток од 19.00 часот на стадионот во с. Глуво на падините на Скопска Црна Гора, најавуваат вистински спортско-естраден спектакл.
-Покрај фудбалскиот дел на манифестација која ја негува традицијата и преку спортот ги зближува и обединува граѓаните, в сабота вечер се очекува присуство на над 3.500 посетители, кои освен во фудбалските мајстории на фудбалерите во големото финале, ќе уживаат во музиката, песните, забавата со дел од познатите ѕвезди од македонската фолк и поп естрада.
Така, пред веќе најавените ѕвезди на вечерта, легендарното македонско поп дуо „Куку Леле“ и нивните безвременски хитови, како и изведба на познати регионални поп и фолк хитови на Панки, полните трибини со повеќе илјадна публика ќе ги забавуваат една од македонските учеснички во познатото регионално музичко талент шоу натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, пејачката Сандра, како и познатиот фолк пејач Гоце Пејковски заедно со реномираната естрадна група „Премиер бенд“, велат од организацијата на настанот.
Квалитетот на екипите финалисти, наградниот фонд од 350.000 денари и естрадни имиња гарантираат дека завршната саботна вечер на турнирот ќе се претвори во вистински спортско-естраден спектакл за сие генерации, и на теренот и на трибините на игралиштето за мал фудбал во с. Глуво на падините на Скопска Црна Гора. Спектакл на кој сите сте добродојдени, порачаа организаторите.
Деск
Награден фонд од 350.000 денари и многу музички гости на меморијалниот турнир во Глуво
2 Mins Read
Previous ArticleВо Дојран ќе се гради музеј на вода

