Горан Котаран (43) од Козарска Дубица, еден од најопасните осудени убијци во Босна и Херцеговина, денес излегува на слобода по отслужување на дваесетгодишна затворска казна. Според сознанијата на „Независне новине“, Котаран по излегувањето планира да живее во Бања Лука, каде преку семејството веќе барал стан, пишува Klix.ba.
Осуден за две убиства, Котаран беше осуден на 20 години затвор за убиствата извршени во 2005 и 2006 година. Жртви беа Предраг Врбан, наречен Педи Лопов, и Сеад Кануриќ, познат како Стево Муцави. Двајцата биле задавени, а нивните тела биле пронајдени закопани.
По излегувањето од затвор, директорот на Казнено-поправниот дом Бања Лука, Саша Глигориќ, изјави дека за пуштањето на Котаран на слобода биле известени сите надлежни институции.
Одржан бил и безбедносен состанок на кој се разгледувал неговиот понатамошен надзор. Котаран ја започнал затворската казна на почетокот на 2008 година во КПЗ Фоча, а во ноември 2024 година бил преместен во КПЗ Бања Лука, од каде денес излегува.
Пред злосторствата во Босна и Херцеговина, на Котаран му се судело и во Шведска за убиства. Таму судските вештаци го прогласиле за непресметлив, поради што пред 23 години бил депортиран назад во Босна и Херцеговина.
Деск

