Со одлична спортска атмосфера, Кавадарци го привлече вниманието на спортската јавност и љубителите на рекреацијата, со настанот Кавадаречки полумаратон, кој веќе станува традиционален, а учесниците и публиката со нетрпение го очекуваат секое ново издание.

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски (28) победи на осмото издание на Кавадаречки полумаратон, кој се одржа вчера во градот.
Патеката од 21 километар, тој ја истрча за 01:14:19. Во женска конкуренција, на полумаратонот победи Фросина Михајловска, која стигна на целта за 01:33:31.
На трката од десет километри, победници беа Ирена Бичевска и Ибарим Мамудов. На пет километри пак, најдобри беа Емили Ивановска и Бојан Чаприќ.
Настанот донесе голем број на посетители во Кавадарци, а учествуваа над 450 атлетичари и околу 300 деца од основните училишта.
Поради празникот, Денот на жената, атлетичарките беа дочекувани на целта со медал, но и со ружи.
Зад Кавадаречки полумаратон стојат Општина Кавадарци и Атлетскиот клуб Меридијан, и секоја година настанот привлекува се поголем број на учесници.
В.К.

