Денеска се реализираше исплата во износ од 157.834.000 денари, односно над 2,5 милиони евра, кон 123 корисници, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
-Исплатата се однесува по Мерка 2.13 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, за заклани гоеници.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува со континуирана поддршка на земјоделците и развој на сточарскиот сектор, известија од МЗШВ.
Деск

