Гевгеличанец со 2,35 промили алкохол во крвта, бегајќи од полиција со возилото, удрил во споменик во центарот на село Богородица, информира МВР.
-Вчера во 21:25 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишија од слобода И.Д.(43) од Гевгелија.
Претходно, околу 21:00 часот во с.Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој не застанал со возилото и веднаш потоа изгубил контрола и со возилото удрил во споменик во центарот на селото, соопштија од министерството.
Додаваат дека притоа, тој се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош од екипа на Итна медицинска помош Гевгелија.
-По преземени мерки е констатирано дека го управувал возилото со 2,35 промили алкохол во крвта и дека регистарските таблички припаѓале на друго возило. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакнаа од МВР.
Деск

