Малата Богдана го прослави својот прв роденден, а приказната на нејзините родители Соња и Марко го допре целиот регион. 
Тие за првпат станаа родители лани, по 23 години борба за потомство. Соња (57) и Марко (69) зад себе имале бројни обиди да добијат дете.
Кога веќе помислиле да се откажат од најголемата животна желба, животот им покажал дека има друг план за нив.
Раѓањето на ќерката за овие луѓе од Грбавци, Подгорица, бил остварување на нивниот најголем сон, а првиот роденден на Богдана го прославиле заедно со најблиските, во топла атмосфера, уживајќи со својата наследничка.
Деск
МАЛАТА БОГДАНА, ЧИЕ РАЃАЊЕ НЕЈЗИНИТЕ РОДИТЕЛИ ГО ЧЕКАА 23 ГОДИНИ, ГО ПРОСЛАВИ ПРВИОТ РОДЕНДЕН
1 Min Read

