Дали се сеќавате на младото момче од Штип, Дамјан Давков, кому Министерството за наука и образование во 2021 година одби да му додели награда и признание кога победи на средношколски натпревар, бидејќи тој бил осмооделенец, а се натпреварувал во „лига на средношколци“?
Деновие ова талентирано дете и врвен математичар повторно ја направи Македонија горда и освои златен медал на првата Европска математичка олимпијада (ЕМО), која се одржа во Вилнус, Литванија. Со овој успех, тој се најде на врвот на листата на најдобри натпреварувачи, делејќи го првото место со Маргулан Шарел од Казахстан, со што стана севкупен победник на првата ЕМО.
-Едноставно се чувствувам добро кога решавам математички задачи, кажа неодамна најмладиот олимписки медалист по математика во Европа, Дамјан Давков од Штип, кој е познат во јавноста како Штипскиот Питагора.
Пред пет години, во време кога имаше 14 години, тој ја доби највисоката награда Осми ноември, која Општина Штип ја доделува на пет години.
Деск

