Неочекуван настан се случил на железничката пруга кај Заечар, кога машиновозачот на патнички воз, Милан Живодиновиќ, решил да ја запре композицијата за да спаси кученце кое се нашло на шините. 
Како што објави здружението Бета Зајечар, Милан го забележал кученцето како трча по шините и успеал да го запре возот за да не го прегази. Го однел кученцето во здружението во Заечар, од каде го огласија за вдомување.
Стануваше збор за женка, не повозрасна од три месеци, на која волонтерите и го дале името Мила. Но, бидејќи никој не се јавил за да ја вдоми Мила, машиновозачот решил да ја земе во неговиот дом.
-Приказната мораше да има ваков епилог! Мила заминува кај човекот кој ја спаси! Навистина не е тешко да се биде човек, нејзе овој дени го промени животот од корен, објавија од здружението, истакнувајќи дека најголемите дела се случуваат тогаш, кога некој ќе реши да не ја врти главата и да помогне.
Деск

