Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека државата располага со доволни резерви од керозин за наредните 90 дена и оти во моментов не се очекуваат проблеми во снабдувањето.
Во изјава во поткастот „Ноќно студио“, Николоски посочи дека институциите ја следат состојбата и дека резервите се стабилни, и покрај актуелните глобални тензии и неизвесностите на енергетските пазари.
„Ситуацијата кај нас е релативно стабилна и добра поради паметното планирање што го правевме претходно. Имаме резерви за 90 дена, законски е за 60 дена. Ситуацијата е стабилна и не очекувам никакви проблеми“, изјави Николоски.
Тој нагласи дека државата е подготвена да реагира доколку дојде до евентуални нарушувања во снабдувачките синџири, но засега нема индикации за недостиг на авионско гориво.
Прашањето за резервите на нафтени деривати повторно се актуализираше поради случувањата на меѓународните пазари и стравувањата од можни прекини во транспортот и снабдувањето со енергенси.
Според надлежните, резервите се пресметуваат врз основа на просечната потрошувачка и се дел од обврските за енергетска безбедност на државата.
Деск
ПОРАДИ ПАМЕТНОТО ПЛАНИРАЊЕ ШТО ГО ПРАВЕВМЕ ПРЕТХОДНО, КАЈ НАС СИТУАЦИЈАТА СО РЕЗЕРВИТЕ Е ДОБРА, ТВРДИ НИКОЛОСКИ
1 Min Read
Previous ArticleПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ ДЕНЕС, ПОРАДИ УЛИЧНА ТРКА

