Решила никогаш да не го открие идентитетот на таткото на нејзиниот син, и како самохрана мајка го одгледала, трудејќи се ништо да не му недостасува во животот. Го родила на 34 години, во време кога нејзината кариера беше во најголем подем, и секогаш се трудела да го заштити од теретот на популарноста кој и бил секојдневие.

Нејзините реплики од југословенските филмови и до денес се паметат и спомнуваат, и таа е добро позната актерка за сите генерации ширум регионот. Но, и покрај популарноста и децениите минати на сцената, за нејзиниот приватен живот многу малку се знае. Јелисавета Сека Саблиќ (84) е жената која во текот на својот живот секогаш успеваше да ја насмее до солзи публиката, и е врвна актерка која и до денес е активна на сцената. Нејзиниот син Стефан, исто така е успешен човек и ценет уметник, кој изгради кариера како театарски режисер и музичар. Се школувал во Тел Авив, а денес режира претстави низ регионот.
-Стефан е мојот најголем животен успех! Како самохрана мајка, често бев строга кон него, но изградивме неверојатен однос. Го израснав син ми во добар човек и прекрасен татко. На крајот на денот, тоа е најважно. Неговиот син, мојот внук Леон ми донесе голема радост, и се трудам да го поминам секој слободен миг со него. Кога е бракот во прашање, во оној класичен смисол, мене тоа секогаш ми изгледаше малку застарено. Важни се љубовта и слободата, раскажуваше Саблиќ во постаро интервју.
Таа за првпат се појавила на телевизија како 26-годишна девојка, а потоа започнале да се нижат нејзините филмски улоги, но и бројни високи признанија и награди во областа на актерството.
Деск

