На 9 јуни 2026 година во 17:00 часот во СВР Тетово е пријавен инцидент во кој, според наводите, околу 14:15 часот на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, жена физички нападнала малолетно дете на возраст од приближно три до четири години.
Според пријавеното, по реакција на случајни минувачи кои интервенирале за да го заштитат детето, жената го оставила на местото на настанот и заминала со количка во која се наоѓало уште едно малолетно дете.
За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово, а надлежните институции преземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето и целосно расчистување на настанот.
Повреденото дете по укажаната лекарска помош е згрижено од Центарот за социјални работи Тетово, информираат од надлежните институции.
Деск
Фото: Илустрација

