На 09.06.2026 година во 16:50 часот во ОВР Кавадарци било пријавено нарушување на работниот ред во Центарот за социјални работи Кавадарци.
Според пријавата, вработена во установата информирала дека лице со иницијали Р.У. дошло на нејзиното работно место, каде наводно ја навредувало и ѝ упатувало закани. По интервенција на обезбедувањето, лицето било отстрането од објектот.
По завршување на работното време, додека оштетената се движела кон својот дом, истото лице наводно ја следело и дополнително ја вознемирувало.
За случајот бил известен јавен обвинител, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Случајот е во понатамошна постапка.
Деск

