Жители на скопската населба Капиштец најавуваат протест поради, како што велат, континуирана и прекумерна бучава што доаѓа од угостителски објекти во околината.
Според најавите на граѓаните обавени на Фејсбук страницата За пристоен Капиштец, проблемот со гласната музика трае подолг период, особено во вечерните и ноќните часови, при што се нарушува секојдневниот мир и квалитетот на живот на жителите. Тие тврдат дека и покрај повеќекратни реакции до надлежните институции, досегашните мерки не дале видливи резултати.
Протестот е најавен како израз на незадоволство од, според нив, недоволната контрола на бучавата и непочитувањето на законските ограничувања од страна на дел од локалите.
Жителите бараат построга контрола од инспекциските служби, доследно спроведување на правилата за работа на угостителските објекти, како и мерки кои ќе овозможат подобар баланс меѓу ноќниот живот и правото на мир на станарите.
Протестот е најавен за утре во 19.00 часот кај кошаркарското игралиште, а организаторите велат дека ќе продолжат со активности сè додека не се најде трајно решение за проблемот со бучавата.
Деск
Previous ArticleВРАБОТЕНА ВО ЦСР КАВАДАРЦИ ПРИЈАВИ ЗАКАНИ И СЛЕДЕЊЕ ПО РАБОТА

